Градоначалникот на општината г. Илас Весели заедно со општинскиот персонал и претставникот од ЗИП Институт г. Феџри Селами, денеска извршиja увид на почетокот на работите за развој на зелениот туризам на Матка.
Велосипедската патека ќе ги поврзе Шишовo и Кањонот Матка, нудејќи нова и посебна можност за истражување на оваа прекрасна природна област. Оваа патека, израмнета и добро обележана, ќе послужи како важна предност за понатамошен развој на туризмот во регионот, создавајќи пријатно искуство за сите посетители и поттикнувајќи активности на отворено. Оваа инвестиција има за цел да ја зајакне туристичката понуда и да ги промовира вредностите на одржливиот туризам на Матка.
Проектот е финансиран од Програмата за прекугранична соработка на Европската Унија во рамките на проектот GreenTour, кој го спроведуваат општина Сараj и ЗИП Институтот во соработка со општина Лeбане.