Советот на општина Сарај на 26-тата седница одржана на 21.06.2024 година со предлог на кандидатската комисија како единствен кандидат, со 16 гласа за и 1 воздржан, го избра г-дин Илас Весели за вршител на должноста градоначалник на општина Сарај. , кој претходно ја извршуваше функцијата заменик градоначалник.
Во оваа прилика г-дин Илас Весели им се заблагодари на советниците за укажаната доверба и вети дека ќе продолжи со работите и обврските како и со тековните проекти со цел непречено функционирање на општината и услугите на граѓаните.