Градоначалникот Блерим Беџети оствари средба со амбасадорот на Република Унгарија во Скопје

Градоначалникот Блерим Беџети оствари средба со амбасадорот на Република Унгарија во Скопје
Градоначалникот Блерим Беџети беше домаќин на амбасадорот на Република Унгарија во Скопје, неговата екселенција г. Андрас Клајн

На оваа средба градоначалникот на амбасадорот му ја презентираше состојбата на општина Сарај а главна тема на разговор беа можностите за идна соработка во областа на заштитата на животната средина и туризмот.

Општина Сарај останува отворена за соработка со меѓународни партнери кои помагаат во реализација на проекти кои обезбедуваат квалитетен живот за жителите од нашата општина и пошироко.