Градоначалникот на општината г-дин Илас Весели се сретна со амбасадорката на Швајцарија, нејзината екселенција г. Вероник Хулман

Градоначалникот на општината г-дин Илас Весели се сретна со амбасадорката на Швајцарија, нејзината екселенција г. Вероник Хулман
Денеска градоначалникот на Општината, г. Илас Весели придружуван од неговиот советник, г. Сани Саиди и шефицата на протоколот, г-ѓа. Исра Салахи, беа пречекани на средба од амбасадорката на Швајцарија, нејзината екселенција г-ѓа. Вероник Хулман.
На оваа средба беа воспоставени првите контакти и се разговараше за можни соработки во повеќе области, во рамки на програмите за поддршка кои Амбасадата на Швајцарија континуирано ги развива во нашата земја. Исто така, договорено е средбите да продолжат на ниво на сектори и да се согледаат можностите за реализација на каков било заеднички проект за доброто на граѓаните во иднина.