Денеска Градоначалникот г.Блерим Беџети заедно со градоначалничката на Град Скопје, г-ѓа. Данела Арсовска, изврши увид на почетокот на градежните работи за реконструкција на водоводната мрежа во населеното место Бојане.
Градежните активности на терен опфаќаат реконструкција на постојната водоводна мрежа, која има чести дефекти заради дотраеноста, како и заради незадоволителен профил и материјал на постојниот цевковод.
Со реализацијата на овој инфраструктурен проект се решава долгодишен проблем во овој дел од градот, а жителите на ова населено место добиваат поквалитетно водоснабдување и нови приклучоци.
Градот Скопје континуирано работи на подобрување на водоснабдителниот систем според проектите ветени со програмата „За модерно Скопје“, каде што решавањето на проблемите со водоводната мрежа е истотака еден од нашите приоритети во општина Сарај.