Во рамките на проектот на УСАИД за Mеѓуетничка Интеграција на Младите во Образованието, кој го спроведува Македонскиот Центар за Граѓанско Образование, имав чест заедно претставниците на образовната единица во општина Сарај да ги пречекам учениците кои учествуваат во овој проект.
На оваа средба учениците беа многу конструктивни во барањата што ги доставија до општинската институција и мене како градоначалник и како приоритети им беа: Изработка на патека за трчање, отворање библиотека на општинско ниво и уредување на спортските терени кои се оштетени.
Со голема почит ги разгледавме нивните барања кои се исто така дел од нашата програма за следните 4 години и се обврзавме дека заедно ќе работиме во нивна реализација, што всушност ќе биде корисно не само за учениците туку и за целото општество во целина.





