Во рамки на активностите за одбележување на 60-годишнината од земјотресот во Скопје, беа организирани и вежбите за пребарување и спасување од урнатините кои се одржаа во Спортско-рекреативниот центар Сарај.

Во рамки на активностите за одбележување на 60-годишнината од земјотресот во Скопје, беа организирани и вежбите за пребарување и спасување од урнатините кои се одржаа во Спортско-рекреативниот центар Сарај.
Во рамките на активностите по повод одбележувањето на 60 годишнината од земјотресот во Скопје, кои ги организира УНДП под мотото „Солидарност, за справување со развојните предизвици на денешницата”, денеска секретарот на општина Сарај, г. Ќамил Ковачи заедно Градоначалничката на Град Скопеј, г-ѓа. Данела Арсовска, Амбасадорката на Република Грција г-ѓа. Sophia Philippidou и заменик Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување г. Зулфиќар Зејнулаи одблиску ги следеа вежбите за пребарување и спасување од урнатините, кои се одржаа во Спортско-рекреативниот центар Сарај, каде што учествуваа:
• Тим за пребарување и спасување од урнатини од Дирекцијата за заштита и спасување,
• Тим за пребарување и спасување од урнатини од Противпожарниот корпус на Република Грција,
• Тим од територијалната противпожарна бригада на град Скопје,
• Тим од Црвен крст на Република Северна Македонија.
Општина Сарај ја имаше честа да биде домаќин на овој многу важен настан и ќе продолжи и во иднина со поддршка на вакви активности.