Во рамките на Проектот за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите, денеска се одржа првата средба со претставници на УСАИД.

Како почеток на соработката и во насока на започнување конкретни активности, со помош на претставници на УСАИД, на оваа средба беше направена анализа на капацитетите на нашата општина преку инструментот за самооцeнување на општинското финансирање и процесите поврзани на нивното управување.
Во процесот на самооценување главни теми беа: Планирањето и наплатата на општинските приходи, управувањето со јавните финансии, планирањето и спроведувањето на буџетот, транспарентноста и фискалната пресметка.
Главната цел на Проектот е „Мерливо зголемување на приходите на локалната самоуправа од сопствени ресурси како и надворешно финансирање на локалната самоуправа, зголемување на степенот на реализација на нивните буџети во согласност со барањата за буџетирање и известување на Владата на Република Северна Македонија. “