Во врска со Проектот „Реконструкција на локалниот пат од н.м Долно Сфиларе до Горно Сфиларе“, денеска во салата на општина Сарај се одржа јавна расправа на која претставници од Министерството за транспорт и врски го презентираа пред жителите и општинските службеници Планот за управување со животна средина и социјални аспекти согласно Стандардите за животна средина и социјални аспекти на Светска Банка.
Средбите меѓу жителите и проектантите ќе продолжат и понатаму, со цел да се дефинираат сите детали во врска со проектот.








