Во текот на посетите и средбите со наставниците, денеска Градоначалникот заедно со државниот секретар г. Селајдин Белули и директорот г. Гани Аслани ја посетија О.У „Дитурија“ Сарај за да ги видат одблиску работите во реновираните тоалети во основното училиште во Сарај и во Лубин.
Во овој проект се реализираше целосното реновирање на тоалети, замена на плочки, атмосферски цевки, електрично осветлување, замена на врати и прозорци (истите од пластика се заменети со алуминиум).
Вредноста на проектот е 1.950.000 денари, каде 1.400.000 ден. се финансирани од „Македонски Центар за Oбразование“ и УСАИД додека 450.000 ден. од општина Сарај и О.У “Дитурија”.
Исто така на оваа средба внимателно ги слушав барањата и потребите на наставниците и им честитав за нивната посветеност и одлична работа