Зголемување на реализацијата на буџетот за 2022 година

Зголемување на реализацијата на буџетот за 2022 година
📊 Со посветеноста на Градоначалникот, администрацијата и советот на општината, од почетокот на мандатот, општина Сарај продолжува да бележи раст во реализацијата на буџетот.
📈 За 2022 година реализацијата на буџетот на Општина Сарај изнесува 115.000.000 денари или 80% од планираните сопствени приходи.
📈 Истотака за овој период и Општинското јавно претпријатие ги следеше трендовите со што бележи зголемување на реализацијата на приходите.
👉 Апелираме до граѓаните да продолжат да ги плаќаат општинските обврски бидејќи зголемувањето на наплатата на даноци и комуналните такси воопшто се клучниот инструмент за подобрување на квалитетот на услугите и отворa можности за реализација на капитални проекти финансирани со сопствени средства.