Информативна сесија од колеги за колеги – УСАИД

Информативна сесија од колеги за колеги – УСАИД
Во рамките на проекторт на УСАИД – за зајакнување на капацитетите и искористување на ресурсите, денеска се оддржа информативната сесија од колеги за колеги, со четвртата група на општини, на кое свое излагање и презентација имаше Секретарот на Општина Сарај г-дин Имер Дервиши.
Преку излагањето се презентирани, добрите практики, искуства и модели за останатите општини, кои веќе се применуваат во Општина Сарај, во делот на подобрување на внатрешната комуникација.
Инаку Општина Сарај е во третата група на општини, и со гордост може да заклучиме дека, преку соработката со УСАИД, во значителна мера се подобри внатрешната комуникација преку воведување на пишана процедура за внатрешна комуникација, која пак придонесе кон раст на вкупната оцена на иснтитуциите во поглед на транспаретноста и отчетноста, и не само тоа.