Во рамките на одбележувањето на 30-тата годишнина од воспоставувањето на дипломатски односи помеѓу Република Словенија и Република Северна Македонија, со покана на амбасадорот на Република Словенија Н.Е. Милан Предан ја имав честа да присустувам на Традиционален словенечко-македонски појадок.
Настанот беше организиран од Словенечката амбасада во Скопје во соработка со Слоу Фуд Македонија и целта на настанот беше подигање на свеста за важноста и предностите на локалната произведена храна, домашните и преработените продукти, пчеларството, важноста на појадокот и здрава исхрана кај децата и возрасните.