Денеска во просториите на општина Сарај се одржа форумот „Грижа за менталното здравје на децата и адолесцентите“ во организација на центарот за одржлив развој – БИОМ Скопје и поддржан од Канцеларијата на Светската здравствена организација за европскиот регион

Денеска во просториите на општина Сарај се одржа форумот „Грижа за менталното здравје на децата и адолесцентите“ во организација на центарот за одржлив развој – БИОМ Скопје и поддржан од Канцеларијата на Светската здравствена организација за европскиот регион
Секретарот на општината г. Имер Дервиши за време на својот говор, истакна: За Општина Сарај оваа членување претставува огромна чест но истовремено и голема одговорност за спроведување на оваа акција која сама по себе е многу сензитивна и чувствителна.
Затоа се залагаме дека Општина Сарај, секогаш ќе даде безрезервна поддршка на овие и слични иницијативи и програми кои се во интерес на општеството во целина.
Подигањето на јавната свест за менталното здравје кај децата и адолесцентите е клучно за нивното но и за општо добро, и истото може да се постигне преку применување на различни начини и методи.
Како клучни би ги издвоиле;
-образовните кампањи, ( семинари и работилници во самите училишта) преку кои би се добиле корисни информации за распознавање на симптоми како и начини за нивна помош.
– воспоставување на образовни модули за менталното здравје во самите наставни содржини, кое вклучува учење на емоционалната интелегенција, медитација, како и употреба на техники за управување со стрес.
-Креирање на платформи, каде децата можат да се отворат за своите мисли и емоции без страв и осуда. Како и
– преку јавни кампањи за свесност, во вид на објавување на информативни видеа, како и консултации со експерти од соодветната област.
Во интерес на времето би сакал да прекинам, давајќи можност и на другите присутни во форумот, кои преку нивните искуства, знаења и лични примери во значителна мера би придонеле да овој форум ја постигне крајната цел а тоа е ,, подигање на свеста за менталното здравје,, со посебен акцент за младите.