Денеска се одржа 21-та седница на Советот на општината, на која главна точка вредна за истакнување беше одобрувањето на буџетот за 2024 година.

Денеска се одржа 21-та седница на Советот на општината, на која главна точка вредна за истакнување беше одобрувањето на буџетот за 2024 година.
Буџетот за следната година ќе реализира многу важни проекти кои ќе решат витални проблеми за жителите како што се:
1. Реконструкција на локалниот пат во населеното место Горно Свиларе
2. Изградба на Спортско игралиште во Лака
3. Изградба на Паркинг зона во близина на Рекреативниот центар Сарај
4. Опремување на Општинското претпријатие со Трактор за сечење на страничната вегетација на коловозите.
5. Поставување систем за греење во спортската сала, во О.У Бајрам Шабани – Кондово.
На оваа седница беше одобрена и Програмата за манифестации и активности, која истотака бележи зголемување за следната година, што ќе овозможи поголема поддршка на невладините организации, спортските клубови, уметниците и уметничките културни друштва.