Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина (Сл. Весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 42/16), општина Сарај, на ден 01 04.2020 година, донесе
1.3а планскиот документ ЛУПД за изградба на производен комплекс на дел од КП10711/2, м.в. Лаки, КО Capaj, Општина Сарај, кој се носи согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање, не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина.
2.0длуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на општина Сарај, www.saraj.gov.mk.
3. Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување, односно неспроведување на стратегиска оцена и формуларите за потребата од спроведување, односно неспроведување на стратегиска оцена донесувањето на планскиот документ ЛУПД за изградба на производен комплекс на дел од КП10711/2, м в. Лаки. КО Сарај, Општина Сарај, нема да има негативно влијание врз животната средина од следните причини: Цел на планот е да се создадат услови за планирање на организирани простори за градба кои ќе бидат реализирани од страна на сопствениците на земјиштето и да се создадат реални услови за уредување и користење на просторот на дел од предметната катастарската парцела КП10711/2, м.в. Лаки, КО Сарај со оформување на градежна парцела, притоа да се определат урбанистички параметри за изградба, а во согласност со стандардите и нормативите за урбанистичко планирање.
4. Против оваа одлука може да се поднесе жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.