ОДЛУКА  За избор на (1) извршител – кандидат за административен службеник за работно место…

ОДЛУКА  За избор на (1) извршител – кандидат за административен службеник за работно место…

Врз основа на член 52 став (1), (2) и (5) од Законот за административни службеници (Сл. Весник на Република Македонија бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16, 11/18, 275/19, 14/20 и 215/21), Секретарот на Општина Сарај, денесе:

ОДЛУКА 

За избор на (1) извршител – кандидат за административен службеник за работно место  

Раководител на Сектор за правно нормативни работи – стручно административни и општи работи– локален инспекциски надзор     

 

За извршител на работно место УПР 01 01 Б02 000  Раководител на Сектор за правно нормативни работи – стручно административни и општи работи– локален инспекциски надзор, се избира кандидатот Имер Дервиши.

Именуваниот ќе биде вработен на работно место од точка 1 по конечноста на оваа одлука, за што ќе се донесе посебно решение за унапредување.

Одлуката влегува во сила со денот на донесувањето.

 

О б р а з л о ж е н и е

Комисијата за селекција за вработување по интерен оглас, формирана со Решение на Градоначалникот на Општина Сарај br.08-235/1 од 07.02.2022, во функција за спроведување на постапката за унапредување на административен службеник за извршување на работите од точка 1 на оваа одлука, а по интерниот огласот за унапредување бр.01/2022 објавен на ден 01.02.2022 година во веб страната на Општина Сарај, и на Агенцијата за Администрација, на ден 11.02.2022 година спроведе постапка за селекција  и интервју за наведеното работно место.

По спроведената постапка за селекција и интервјуто и извршеното бодирање, комисијата изготви Записник  од административна селекција бр. 08-264/1 од 11.02.2022 год, и Записник за интервју, конечна ранг листа и Предлог за избор на кандидат за вработување со број: 08-264/2  од 11.02.2022 година, за работно место Раководител на Сектор за правно нормативни работи – стручно административни и општи работи– локален инспекциски надзор. Bрз основа на Предлогот за вработување на кандидат, Секретарот на Општина Сарај изврши избор како во диспозитивот на оваа Одлука.

ПРАВНА ПОУКА: Против оваа Одлука може да се поднесе жалба до Агенцијата за администрација во рок од осум дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страницата на Општина Сарај