ЈАВЕН ПОВИК за финансирање на програмски активности за 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК  за финансирање на програмски активности за 2026 година
Превземи апликативен формулар

Врз основа на Програмата за активности и манифестации за 2026 година бр.0901-41/1 од 28.01.2026 година, Решението за јавен оглас за финансирање на програмски активности на здружениа, фондации, спортски клубови и поединци за 2026 година и Правилникот за начинот и постапката за распределба на буџетски средства бр.08-569/1 од 09.03.2026 година, Општина Сарај објавува:

 ЈАВЕН ПОВИК за финансирање на програмски активности за 2026 година

  1. ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК

Предмет на овој јавен повик е доделување финансиски средства за реализација на програмски активности и проекти од јавен интерес на локално ниво, во следните области:

  • спорт и спортски активности;
  • културни манифестации и фестивали;
  • младински политики и активности;
  • поддршка и афирмација на млади таленти;
  • заштита на животната средина;
  • образование и локални иницијативи од јавен интерес.
  1. ВКУПЕН ИЗНОС НА СРЕДСТВА

Распределба на средствата е од Буџетот на Општина Сарај за 2026 година, согласно Програмата за активности и манифестации за 2026 година.

Општината го задржува правото да не ги додели сите средства доколку апликациите не ги исполнуваат критериумите.

  1. КОРИСНИЦИ НА СРЕДСТВАТА

Право на аплицирање имаат:

  • здруженија и фондации регистрирани согласно закон;
  • спортски клубови регистрирани во надлежни федерации;
  • поединци – млади таленти со живеалиште во Општина Сарај

Апликaнтите мора:

  • да имаат седиште во Општина Сарај (за правни лица);
    • да имаат живеалиште во Општина Сарај (за поединци);
    • да немаат неизмирени обврски кон Општина Сарај;
    • да немаат блокирана трансакциска сметка;
    • да достават целосна и точна документација;

 

  1. КРИТЕРИУМИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ

Предлог-проектите ќе се оценуваат според следните критериуми:

Критериум Максимум бодови
Усогласеност со приоритетите на Општината 20
Квалитет и јасност на проектот 20
Афирмација и јавен интерес 20
Реалност и оправданост на буџетот 15
Капацитет и искуство на апликантот 15
Одржливост на активностите 10

 

Вкупно: 100 бода
Минимален праг за финансирање: 60 бода.

 

  1. НАЧИН НА ОЦЕНУВАЊЕ

Оценувањето го врши Комисија формирана од градоначалникот на Општина Сарај.

Секој член на Комисијата врши индивидуално бодирање.

Резултатите се објавуваат на веб-страницата на Општината.

Апликантите имаат право на приговор во рок од 8 дена од објавување на резултатите.

  1. ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Апликантите (правни лица и поединци) мора да достават следниве документи за да се смета апликацијата за целосна и исправна:

– За здруженија, фондации и спортски клубови:

  • Пријава за финансиска поддршка (стандардизиран формулар од Општина Сарај).
  • Детален предлог-проект, со активности, цели и очекувани резултати.
  • Финансиска конструкција/буџет за проектот.
  • Решение за регистрација издадено од надлежниот орган (не постаро од 6 месеци).
  • Статут на здружението/фондацијата/клубот.
  • Извештај за претходно добиени средства од Општина Сарај (ако биле корисници).
  • Изјава за немање неизмирени обврски кон Општина Сарај.
  • Изјава/потврда дека трансакциската сметка не е блокирана.

– За поединци (млади таленти):

  • Пријава за финансиска поддршка (стандардизиран формулар од Општина Сарај)
  • Детален предлог-проект или активности за кои се бара поддршка
  • Финансиска конструкција/барање за средства
  • Доказ за адреса на живеалиште во Општина Сарај
  • Документи за постигнувања и талент (сертификати, дипломи, награди, признанија)
  • Изјава/потврда дека сметката не е блокирана
  • Изјава за немање неизмирени обврски кон Општина Сарај
  1. РОК И НАЧИН НА ПОДНЕСУВАЊЕ

Рокот за поднесување на апликации е 15 дена од денот на објавување.

Апликациите се доставуваат:

По пошта или во Архивата на Општина Сарај
ул. „Слобода“ бр. 36, Сарај

со назнака:
„Јавен повик за финансирање на програмски активности за 2026 година“.

Непотполни и ненавремени апликации нема да се разгледуваат.

  1. ДОГОВОР И ИЗВЕСТУВАЊЕ

Со одобрените корисници ќе се склучи договор.

Корисниците се должни да достават финансиски и наративен извештај во рок од 30 дена по завршување на проектот.

Во случај на ненаменско користење на средствата, корисникот е должен да ги врати средствата во рок од 15 дена.