Врз основа на Програмата за активности и манифестации за 2026 година бр.0901-41/1 од 28.01.2026 година, Решението за јавен оглас за финансирање на програмски активности на здружениа, фондации, спортски клубови и поединци за 2026 година и Правилникот за начинот и постапката за распределба на буџетски средства бр.08-569/1 од 09.03.2026 година, Општина Сарај објавува:
ЈАВЕН ПОВИК за финансирање на програмски активности за 2026 година
- ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК
Предмет на овој јавен повик е доделување финансиски средства за реализација на програмски активности и проекти од јавен интерес на локално ниво, во следните области:
- спорт и спортски активности;
- културни манифестации и фестивали;
- младински политики и активности;
- поддршка и афирмација на млади таленти;
- заштита на животната средина;
- образование и локални иницијативи од јавен интерес.
- ВКУПЕН ИЗНОС НА СРЕДСТВА
Распределба на средствата е од Буџетот на Општина Сарај за 2026 година, согласно Програмата за активности и манифестации за 2026 година.
Општината го задржува правото да не ги додели сите средства доколку апликациите не ги исполнуваат критериумите.
- КОРИСНИЦИ НА СРЕДСТВАТА
Право на аплицирање имаат:
- здруженија и фондации регистрирани согласно закон;
- спортски клубови регистрирани во надлежни федерации;
- поединци – млади таленти со живеалиште во Општина Сарај
Апликaнтите мора:
- да имаат седиште во Општина Сарај (за правни лица);
• да имаат живеалиште во Општина Сарај (за поединци);
• да немаат неизмирени обврски кон Општина Сарај;
• да немаат блокирана трансакциска сметка;
• да достават целосна и точна документација;
- КРИТЕРИУМИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ
Предлог-проектите ќе се оценуваат според следните критериуми:
| Критериум | Максимум бодови |
| Усогласеност со приоритетите на Општината | 20 |
| Квалитет и јасност на проектот | 20 |
| Афирмација и јавен интерес | 20 |
| Реалност и оправданост на буџетот | 15 |
| Капацитет и искуство на апликантот | 15 |
| Одржливост на активностите | 10 |
Вкупно: 100 бода
Минимален праг за финансирање: 60 бода.
- НАЧИН НА ОЦЕНУВАЊЕ
Оценувањето го врши Комисија формирана од градоначалникот на Општина Сарај.
Секој член на Комисијата врши индивидуално бодирање.
Резултатите се објавуваат на веб-страницата на Општината.
Апликантите имаат право на приговор во рок од 8 дена од објавување на резултатите.
- ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА
Апликантите (правни лица и поединци) мора да достават следниве документи за да се смета апликацијата за целосна и исправна:
– За здруженија, фондации и спортски клубови:
- Пријава за финансиска поддршка (стандардизиран формулар од Општина Сарај).
- Детален предлог-проект, со активности, цели и очекувани резултати.
- Финансиска конструкција/буџет за проектот.
- Решение за регистрација издадено од надлежниот орган (не постаро од 6 месеци).
- Статут на здружението/фондацијата/клубот.
- Извештај за претходно добиени средства од Општина Сарај (ако биле корисници).
- Изјава за немање неизмирени обврски кон Општина Сарај.
- Изјава/потврда дека трансакциската сметка не е блокирана.
– За поединци (млади таленти):
- Пријава за финансиска поддршка (стандардизиран формулар од Општина Сарај)
- Детален предлог-проект или активности за кои се бара поддршка
- Финансиска конструкција/барање за средства
- Доказ за адреса на живеалиште во Општина Сарај
- Документи за постигнувања и талент (сертификати, дипломи, награди, признанија)
- Изјава/потврда дека сметката не е блокирана
- Изјава за немање неизмирени обврски кон Општина Сарај
- РОК И НАЧИН НА ПОДНЕСУВАЊЕ
Рокот за поднесување на апликации е 15 дена од денот на објавување.
Апликациите се доставуваат:
По пошта или во Архивата на Општина Сарај
ул. „Слобода“ бр. 36, Сарај
со назнака:
„Јавен повик за финансирање на програмски активности за 2026 година“.
Непотполни и ненавремени апликации нема да се разгледуваат.
- ДОГОВОР И ИЗВЕСТУВАЊЕ
Со одобрените корисници ќе се склучи договор.
Корисниците се должни да достават финансиски и наративен извештај во рок од 30 дена по завршување на проектот.
Во случај на ненаменско користење на средствата, корисникот е должен да ги врати средствата во рок од 15 дена.
