ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2021 за унапредување на административен службеник во Општина Сарај

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2021 за унапредување на административен службеник во Општина Сарај

Општина Сарај објавува Интерен оглас за унапредување на 2 (два) административни службеници за следните работни места:

  1. УПР 01 01 В01 000  Советник за локален економски развој , Одделение за јавни дејности и локален економски развој, образование, социјална, детска и здравствена заштита  -1 извршител

Податоци за работното место

  • Реден број: 6- (шест-а)
  • Шифра:  УПР 01 01 В01 000 
  • Назив:  Советник за локален економски развој
  • Број на извршители: 1 (еден)

               – Вид на образование: Економски науки  

Посебни услови:

за нивото В1 ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен

  •  за нивото В1 најмалку три години работно искуство во струката
  • активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),

активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

Распоред на работно време:

работни денови: од понеделник до петок

работни часови неделно: 40

работно време: од 08:30 до 16:30 часот

Платата за работното место е во паричен нето износ од 26,277 денари.

Кандидатите кои аплицираат на интерниот оглас треба да ги ислолнуваат следните

Општи услови:

  • да е државјанин на Република Северна Македонија;
  • активно да го користи македонскиот јазик;
  • да е полнолетен;
  • да има општа здравствена способност за работното место и
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

2.   ИНС 01 01 В01 001 – Советник инспектор, Овластен градежен инспектор, Одделение за локален инспекциски надзор ……………… (1) изввршител.

Податоци за работното место

  • Реден број: 26- (дваесетишест)
  • Шифра:  ИНС 01 01 В01 000 
  • Назив:  Советник  Овластен градежен инспектор
  • Број на извршители: 1 (еден)

               – Вид на образование:    Архитектура, урбанизам и планирање, Градежништво и водостопанство

Посебни услови:

 Да има стекнати најмапку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на архитектура, градежништво, урбанизам и планирање, што се докажува со уверение

Да има пет (5) години работно искуство во струката

  • Посебни работни компетенции:
  • активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),

активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

Распоред на работно време:

работни денови: од понеделник до петок

работни часови неделно: 40

работно време: од 08:30 до 16:30 часот

Платата за работното место е во паричен нето износ од 26,277 денари.

Кандидатите кои аплицираат на интерниот оглас треба да ги ислолнуваат следните

Општи услови:

  • да е државјанин на Република Северна Македонија;
  • активно да го користи македонскиот јазик;
  • да е полнолетен;
  • да има општа здравствена способност за работното место и
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

На интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен во Општина Сарај, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работно место пропишани за соодветното ниво со Законот за административни службеници и Правилникот за систематизација на работните места во Општина Сарај, при ова административниот службеник треба да ги исполнува и следните услови:

– да е оценет со оцена „А” или „Б” при последното оценување,

– да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,

– да поминал најмалку две години на исто ниво и

– да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

Заинтересираниот              административен              службеник, поднесува

пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата преку архивата на Општина Сарај до Одделение за управување со човечки ресурси и до службената електронска адреса на Општина Сарај resursi@saraj.gov.mk

Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови, можат да ги приложат и следните докази:

  • потврди за успешно реализирани обуки и/или
  • потврди за успешно реализирано менторство

Рокот за поднесување на пријавата со доказите трае 5 (пет) дена од денот на објавување на web страната на Општина Сарај.

Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни а доставените докази верни на оригиналот.

НАПОМЕНА: Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата или се утврди дека внел лажни податоци, ќе биде дисквалификуван од натамошна постапка по овој оглас.

ОПШТИНА САРАЈ

ГРАДОНАЧАЛНИК

Blerim Bexheti