Градоначалникот на Општина Сарај г-дин Иљас Весели на ден 24,11,2024 година беше дел на активноста ,, Марш на Националното знаме 2024,, во организација на Сојузот на албанските планинарски здруженија во Република Северна Македонија, која се реализираше на територија на Општина Сарај, поточно на ,,Сува Гора,,.
Во рамки на активноста се реализираше и посета на највисокиот врв на територија на Општина Сарај ,, РАСА,, кој се наоѓа на надморска височина од 1369 метри.
Градоначалникот г-дин. Иљас Весели ги поздрави присутните и повторно се заложи дека Општина Сарај ќе ги поддржува планинарските здруженија кои во значителна мера имаат влијание врз развојот на планинскиот туризам, промоција на природните убавини како и негувањето на здравиот живот.
На самиот крај ,, Сојузот на албанските планинарски здруженија,, му додели благодарница на Градоначалникот на општината.