Објаснување за јавноста

Објаснување за јавноста
Почитувани жители на Општина Сарај,
На Министерството за животна средина и просторно планирање на чело со Изет Меџити му беа потребни речиси 4 месеци да даде согласност за проектот за реконструкција на главниот пат во населеното место Ласкарци. Иако општина Сарај аплицираше навреме и согласно законските рокови, министерство требаше да даде согласност за предметниот проект најдоцна до 19.07.2024 година. Односно, по многу ургенции од страна на општината, министерството ја даде долгоочекуваната согласност на 07.11.2024 година, 4 месеци подоцна од рокот предвиден со закон.
Со ваквото доцнење и ненавремено давање согласност од Министерството за животна средина и просторно планирање и Изет Меџити, општина Сарај не успеа да ја комплетира документацијата за предметниот проект и да добие финансиска поддршка од последниот повик на Владата до општините.
Со оваа акција ресорното министерство и Изет Меџити им нанесоа штета на жителите на населеното место Ласкарце, со што оневозможија обезбедување средства за реализација на овој проект од особено значење за жителите на оваа населено место.